На 5-ти јули повторно одлучување за Договорот со Грција

В четврток, на петти јули, пратениците повторно ќе го гласаат Договорот со Грција. Спикерот Талат Џафери го повика претседателот Иванов овој пат да го потпише указот: прво, затоа што тоа е негова уставна обврска и второ, за да го искористи моментот настанат по денешното добивање покана од НАТО.

Ако Иванов повторно одлучи да не потпишува, тоа значи дека тој воведува пракса на мешање во надлежноста на Собранието. За да бидат извршени одлуките на мнозинството пратеници, вели Џафери, можно е и Ратификацијата на Договорот и Законот за јазиците во пакет да бидат испратени на печатење во Службен весник само со неговиот потпис.

Џафери се уште не добил известување од Комисијата за избори и именувања за составот на ДИК, иако рокот истекува денеска. Планира изборот на седумте члена на Космисијата, за кои е потребно дво-третинско мнозинство, да го закаже за седницата на 17 јули, а може и порано, доколку партиите постигнат таков договор. Референдумот ќе биде распишан кон крајот на наредниот месец, за да има минимум 60, а максимум 90 дена до неговото одржување. Со меѓупартиска усогласеност, смета спикерот, може да се спроведат и уставни измени од почетокот на октомври до крајот на годината, иако редовната постапка бара минимум четири месеци.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ