Болниот Јане бара лекување во Италија

Здравјето на 12 годишниот Јане Ангелов од кочанско Грдовци година и пол e заглавено во бирократскиот лавиринт.

Момчето од 13 месеци боледува од бета таласемија ретка болест на крвта. Пред две години со надеж дека трансплантацијата на коскената срцевина ќе се случи во еден од центарите за трансплантација во Рим – Италија му е извадена и слезенката.

Нема стопроцентен донатор, анализите покажуваат дека само неговата мајка се совпаѓа одвај 40%. Но, Фондот за здравство наместо да му го одреди лекувањето во италијански  центар им одобрува 110.000 евра за во болницата Медикал парк во Турција.

Родителите веќе не бараат, туку молат овие пари да се насочат за лекување на Јане во центарот во Италија, бидејќи позитивен пример им се петте излечени деца во Рим.

Лекувањето во Турција за 110.000 евра е за 90 дена, а додека во Италија е 158.000 евра за период од шест до седум месеци. Не бараат дополнителни средства од државата, остатокот самите ќе го обезбедат со нивниот труд како земјоделци.

Телма побара одговор од Фондот за здравство, од каде што велат дека одлуката на комисиите не може да се промени поради правни пречки, а критериумoт за изборот на болници за лекување е најевтината понуда.

Секој третман на Јане на Клиниката за хематологија значи и оштетување на црниот дроб, а шансите за негово оздравување се се помали.

Дончев забележува дека родителите на Јане не се единствени кои го одбиваат лекувањето во Турција. Во земјава има вкупно 11 деца со оваа ретка болест на крвта, најави дека наскоро на сите родители ќе им се понуди решение, на маса се ставени три предлози, или сите да заминат во Италија, или во Турција и како трето решение е ваков центар да се направи во Македонија.

На маса се ставени три предлози, или сите да заминат во Италија, или во Турција и како трето решение е ваков центар да се направи во Македонија.

Викторија Димитрова Јованова

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ