Апелациониот суд ја поништи пресудата за мобинг против екс претседателот на Кривичен Панчевски

Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда против поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, по тужбата за мобинг што против него ја поднесе Горан Стаменковски, поранешен раководител на одделот за човечки ресурси во судот, а сега советник на премиерот Зоран Заев.

Во одлуката на апелациониот суд се наведува дека пресудата е нејасна, неразбирлива и не содржи доволно образложени причини за решителни факти од кои се раководел првостепениот суд.

Стаменковски минатата година го тужеше Панчевски за мобинг. Според него, експретседателот на судот го деградирал затоа што бил учесник на протестите на шарена револуција во 2016 година.

Стаменковски, инаку е и советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев, а го советува премиерот за социјални работи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ