
Чавков, Јовановски, Дурловски и „Бетмен“ остануваат во притвор
Екс министерот за внатрешни Митко Чавков останува во притвор одлучи Апелација која ги одби и неговата жалба, но и на уште 10-мина други осомничени за „Крвавиот четврток“. Во Шутка остануваат и организаторите на протестите Игор Дурловски и Богдан Илиевски, но и актерот Владо Јовановски за кого и вишото обвинителстово даде согласност да биде пуштен од затвор во домашен притвор. Од Апелација информираат и дека не ги прифатиле жалбите ниту на припадниците на МВР и на собрниското обезбедување Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, ниту за вработениот во агенцијата за разузнавање Мунир Пепиќ кој е обвинет и во предмет на СЈО. За пратениците и другите кои поднесоа жалби дополнително ќе има одлука.
Министерката Шеќеринска не сакаше да ја коментира изјавата на Мунир Пепиќ кој вчера во Апелација барајќи да му се укине притворот рече дека и помагал на „Крвавиот четврток“ за да биде евакуирана со докторски мантил.
Укинување на притворот денеска од скопска Апелација бараше одбраната на пратеникот Сашо Василевски кој се товари за отварањето на вратите за да влезе топлата во Собранието. Судот на предлог на адвокатот издал наредба Василевски да биде спроведен од затворот во Шутка, но тој во последен момент одбил да присуствува на јавната седница. Неговиот адвокат Александар Новаковски ги уверуваше апелационите судии дека пратеникот нема да бега затоа што доброволно се вратил од Бугарија за да се појави на распитот. Одбраната ги понуди и двата пасоши на Василевски за тој да излезе од притвор – редовниот и дипломатскиот .
„Кривичниот суд со тоа што ја прекрши постапката за имунтетот на пратениците, и само вие може да ја исправите грешката со тоа што ке го укинете притворот. Со мерката притвор, 60 илајди луѓе да нема кој да ги застапува во Собрание. Со оглед на тоа што пратнеиците се претставници на граѓаните излегува дека и 60 илјади луѓе се казнети со мерката притвор“.
Од вишото обивнителство бараат Василевски да остане во притвор. Велат се уште постои реална опасност од бегство но и да ја отежнува истрагата или да влијае на новите сведоци кои допрва може да произлезат. Обвинителката му реплицираше и на адвокатот.
„Неосновано е да се каже дека поради притворот на Василевски – во притвор се и 60 илјади граѓани. Точно е дека секој пратеник е претставник на граѓаните но тоа никому не му дава право да ги прекршува законите и секој е одговoрен за свoите постапки“.
30-годишниот Младен Додевски кого полицијата го бараше повеке од 2 месеца за „Крвавиот четврток“ е уапсен пред ресторан во Скопје. Според изворите на Телма тој изминатиот период се криел во град во внатрешноста. Вчера полицијата дознала дека Додевски ќе оди во Скопје каде бил поканет на семејна прослава. Полицијата го чекала пред ресторанот и го уапсила. За Додевски како и отанатите 4 ца осомничени за собрнаиските насилства од 27 април кои се во бегство, определен им е притвор во отсуство. Се уште со меѓународна потерница се бараат и Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.
Елена Ивановска Мукоска