Туск предупредува на позицијата на САД

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск ги повика лидерите на Европската Унија да се подготват на најпесимистичкото сценарио со САД пред одржувањето на дводневниот самит во Брисел.

,, Со надеж дека се ќе биде најдобро, мораме да ја подготвиме нашата Унија за најлошото сценарио со Вашингтон “ , напиша Туск во поканата на самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ , кои утре и задутре ќе разговараат за односите со САД , како и за проблемот со миграцијата и реформите на еврозоната.

,,Кога разговараме за миграциите и реформите во еврозоната , важно е да го имаме на ум геополитичкиот контекст , кој следеше по самитот Г7 во Канада каде САД ја отфрлија тешко договорената заедничка декларација.”, објасни Туск.

,, Без оглед на неуморните напори за зачувување на единството на Запад , трансатлантските односи се под огромни притисоци на политиката на претседателот Трамп” , наведе Туск во поканата за самитот.

Наскоро претседстелот на Европската Комисија , Жан Клод Јункер би отпатувал во Вашингтон на средба со Трамп , најави портпаролката на ЕК , Маргаритис Шинас на денешната прес конференција.

Целта на посетата би била да се сочува отворената комуникација и пријателски да се решат трговските проблеми, особено во автомобилскиот сектор.

Според нацрт изјавата за самитот на ЕУ , што ја објави агенцијата Ројтерс, првите луѓе на Унијата ќе ветат додатни напори за засилување на воената соработка во унијата и намалување на зависноста од САД , а ќе се изрази подготвеност за зголемување на трошоците за одбрана , што беше главното барање на американскиот претседател Трамп.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ