Се уриваат диви тераси на скопски кафулиња

Бастион и соседниот Шејк енд Шејк на улицата Аминта трети во Дебар Маало, се локалите чии тераси денска настрадаа, откако општина Центар почна со нивно уривање. Во присуство на Полицијата, се интервенираше на терасите со цврста градба, кои имаа затворени врати, прозорци и лимени тенди.

Сопствениците на кафулињата во расправија со инспекторите и полицијата, бараа да не ги уриваат, туку да им се даде рок сами да го отстранат тврдите градби од тротоарите. Добија одговор дека општината уште пред два месеци им дала решение дека мора да ја отстранат тврдата градба на летните тераси.

Одговорно тврдам дека немавме добиено ниту еден документ од општина Центар дека денеска треба да се руши нашиот локал, вели Гиевски, управител на Бастион. Според него, локалот има комплетна документација за поставување на урбана опрема од Град Скопје, а нејзината важнност трае се до крајот на октомври оваа година.

Градоначалникот на Центар, Богдановиќ, пак, тврди дека општината денес само стартувала со извршување на решенијата, кои по сите постапки и барања за усогласувања кои не се испочитувани, сега станале правосилни. Денес два, но во наредниот период ќе се уриваат и други, кои не ги направиле потребните измени, а следниот период општина Центар ќе врши и уште позасилени контроли, со цел летово да се расчисти со дивите тераси.

Од Бастион најавуваат дека правдата ќе ја бараат по судски пат.

Градоначалниокот е децидеден дека општината постапила целосно законски, а на многу средби сопствениците на локалите биле опоменати да ги отстранат грешките.

Дел од сопствениците кои не заборуваа во камера обвинија и за селективност, велат дека ресторанот на еден познат скопски бизнисмен има иста таква тераса, но нејасно е зошто него не го чепкаат. Одговорно тврдам, вели Богдановиќ, дека ќе бидат проверени и санкционирани сите што имаат пропусти и навреме не ги отстраниле.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ