
Утврден идентитетот на мигрантите повредени во сообраќајката кај Радовиш
Шестмина од вкупно 12 мигранти, кои беа повредени во сообраќјната несреќа кај радовишки Бучим денеска заминуваат од штипската Клиничка болница. Полицијата треба да ги транспортира до местото каде што ќе бидат прифатени. Директорот на болницата Ален Ѓеорѓијев вели дека останатите со скршеници на карлици, екстремитети и ребра ќе бидат задржани на болничко леклување. Трошоците за нивното лекување ќе бидат на товар на меѓународна организација.
Мигрантите доаѓаат од земји каде што сеуште има ендемски болести, затоа и денеска во болницата имало и епидемиолози од Центарот за јавно здравје. Странските државјани за лекарите и полицијата веќе не се пациенти со редни броеви, во текот на вчерашниот ден со помош на толкувач утврден е нивниот идентитет.
Викторија Димитрова Јованова