
Една година затвор за дедото на Тамара
Апелациониот суд изутринава го известил дедото на Тамара, Љупчо Стојановски дека условната казна за делото недозволено држење оружје му се заменува со една година ефективен затвор. Одлуката на повисокиот суд доаѓа по жалбата на обвнителката која не се соглaсила со одлуката на Кривичниот суд Стојановски да добие условна казна од 2 години, откако пред Судечкиот совет призна вина дека недозволено псоедувал оружје – пиштол.
Тој на први јуни 2017 година година, пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. На наредното рочиште и тој и одбраната и обвинителството ќе го имаат последниот збор, по што судот ќе треба да ја соопшти пресудата за кривичното дело обид за убиство.