
Светската конференција за природен гас во Вашингтон
Растечкиот светски пазар на течен природен гас побарува усогласување на подобри референтни цени за да се олесни процесот на одлучување за нови инвестиции и да се стабилизира побарувачката, заклучија извршните директори на Светската конференција за природен гас во Вашингтон. На конференција која се одржува на секои три години присуствуваат повеќе од 12.000 учесници од 600 компании кои доаѓаат од над 100 држави, од Македонија учествуваат претседателот на управниот одбор на АД Макпетрол Андреја Јосифовски и извршниот директор на ГАМА, Ратко Манов.
Меѓународната агенција за енергија оценува дека во наредните пет години околу 40 проценти од глобалната потрошувачка на гас ќе се концентрира во Кина а дури 45 проценти од светското производство на природен гас ќе доаѓа од САД.