
Во притвор е полошо од затвор е оценка на народниот правобранител
Живеат во ѕидови со влага, немаат лекар, ниту врата на тоалетите. Затоа, пак, имаат мобилни телефони и одлична мрежа оние коишто имаат полн џеб. Во притвор е полошо од затвор е завршната оценка на народниот правобранител за 2017 та година, а најдобар пример е затворот во Струмица.
Во затворот во Куманово лишените од слобода трпат најмногу навреди, а во Скопје во Шуто Оризари нема разграничување на чуварската служба.
Пред да се завршат во притвор со судска одлука, лиешените од слобода минуват низ уште пострашен систем. 13 полициски станици можат да задржат осомничен, и тоа во подрумски простории без прозорец, без тоалет, без светилка. Не постојат посебни соби за распит. Сите овие состојби меѓу кои и лошите услови во објектите каде се задржуваат мигрантите како и здравствени установи наведени во извештајот ќе бидат испратени до Обединетите нации.
Од канцаларијата на Омбдусманот очекуваат по препораките да постапат од Управата за извршување на санкции и надлежните минситерства.
Павле Беловски