Полицијата трага по шверцерот на групата мигранти кои доживеаа сообраќајна несреќа кај Радовиш

18 годишниот Емре Судан од Бангладеш е пациентот со реден број осум, кој синоќа е примен во штипската Клиничка болница заедно со уште 11 мигранти кои биле повредени во сообраќаjнта несреќа на патот Штип-Радовиш кај Бучим. Емре го затекнавме на одделението за хирургија, на неговиот скромен англиски јазик ни раскажа дека крајната цел му била Италија, но несреќата со комбето го заглави во Македонија. Вели дека на патот бил вистински хаос, има двајца починати, а тој не се чуствува добро.

„Не се чуствувам добро имам болки во градит. Лекарите ми дадоа помош. Целта ми е да отидам во Италија, незнам каде се моите родители“, вели Емре.

12-те мигранти од Бангладеш и Судан кои се сместени на хирургија и ортопедија се во добра здравствена состојба, комуникацијата тешко им оди на лекарите и на полицијата  со мигрантите, кои поголемиот дел го говорат само мајчиниот јазик.

Директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека девeт пациенти имаат тешки повреди, како што се скршеници на екстримитети, ребра и карлици. Двајцата пациенти кои синоќа биле покритични денеска нивната состојба се стабилизирала, по што се пренесени на едно од одделенијата, каде што се под 24 часовен полициски надзор. Бидејќи тешко оди комуникацијата со мигрантите денеска се очекува да пристигнат и двајца толкувачи кои го знааат мајчиниот јазик на мигрантите од Бангладеш и Шри Ланка.

Од страна на Центарот за јавно здарвје – Штип било побарано да направат и дополнителни анализи на пациентите, кои доаѓаат од земји, каде што сеуште има одредени ендемски болести, а исто така како третман ќе имаат и лекарите и медицинскиот персонал кои им ја давале соодветната здравствена помош.

Од СВР-Стрмица денеска информираа дека во ова транспортно комбе со скопски регистерски таблички се превезувале вкупно 23 мигранти и возачот, кој по несреќата побегнал. Двјаца се загинати на лице место, а 12 се во болницата во Штип.

Во интерес на истрагата не се открива на чии име било возилото и кој го вршел илегалниот транспорт на мигрантите.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ