
Пендаровски: Членството во НАТО најмногу зависи од грчкото писмо
Часовникот на националниот координатор за НАТО го мереше времето до изјаснувањето на Макрон за поканата за членство во НАТО, но Пендаровски вели дека моментот сепак најмногу зависи од грчкото писмо.
Алтернативи има доколку не успее референдумот, не се финализира договорот со Грција и Македонија не влезе во НАТО, таа алтернатива ќе биде пак на запад и во атлантските интеграции, но спорот со јужниот сосед ќе остане за иднина, оценува Пендаровски.
Стево Пендаровски беше дел од дебатата на Институтот за стратегија и развој на која се искристализира неговата позиција да ги објасни последиците од договорот со Грција – кои треба позитивно да се одразат на македонската иднина.
Миомир Серафиновиќ