Обвинетиот Хаки Азири во судницата за „Монструм“ одново си ги слушна зборовите дека неговите другари убиле човек

Ахмед Беќир – сведокот кој пред 6 години со уште тројца рибари пријатели, налета на вооружен маж со автоматска пушка, видел 4 момчиња како лежат на Смилковското езеро, а минатото рочиште се онесвести пред обвинителката Фатиме Фетаи, овој пат се присети на нови детали во повторениот судскиот случај „Монструм“ . Полицаецот Вахид Берат бил човекот од населбата Шуто Оризари којшто истата вечер тропнал на неговата врата и ги однел рибарите во полицска станица. Ниту самиот Беќир не усепа да се присети дали го познава полицаецот и како тој знаел кој бил на езерото тоа попладне. По, сведочењето на двајцата рибари пред обвинетите, родителите на убиените момчиња и јавноста на телевизор се гледаше видео снимката на исказот на обвинетиот Хаки Азири пред истражен судија даден пред околу шест години, во време кога тој се откажува од статусот загрозен сведок.

„Јас потоа отидов на местото кај обиколницата каде требаше да ги чекам околу 19.20.  Околу 20 часот опел омегата дојде и застана позади моето возило. Не видов кој излезе од возилото, но тогаш Агим и Африм Исмаиловиќ дојдоа во моето возило, немаа оружје, беа во тренерки и црни капи и ракавици“, сведочеше Азири.

Азири ги возел пријателите бидејќи имале нерешени сметки, но не насител дека ќе се случи убиство. И овие детали и зборовите на обивнетиот Алил Демири дека убиле човек, Азири на последниот распит одново ги отфрли со образложување дека тогаш бил исплашен и малтретиран од полицијата, иако во тогашната изјава вели дека никој не му се заканува осудувајќи ги убиствата како и секој нромален човек. Судот дополнително ќе одлучи дали на наредното рочиште ќе и дзоволи на јавноста да го чуе и заштитенито сведок.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ