Кацарска ќе суди во предметот за 27 април

Судијката Добрила Кацарска ќе им суди на петмината пратенци, ексминистерот за внатрешни Чавков и уште дваесетина обвинети за 27 април. АКМИС-от го распределил  предметот кај Кацарска потврдуваат од судот за Телма. Датумот за старт на судењето ќе се знае во наредните денови.

Кацарска е поранешен претседател на Основниот суд Скопје еден а од почетокот на годинава со годишниот распоред суди предмети од организиран криминал. Од предметите на СЈО, му пресуди на екс премиерот Груевски 2 години затвор за „Тенк“, на Ѓоко Поповски 9 години за предметот „Триста“ и 6 ипол за „Тенк“ а го води и „Транспортер“ против екс градоначалникот на Битола, Талевски.

Во одвоена постапка Кацарска за „Тенк“ и суди и на екс министерката Јанкуловска. Беше и во втор судија во „Поткуп“ но откако беше преквалификувано делото против премиерот Заев процесот продолжи со еден судија.

Во петокот совет од тројца судии го потврди обвинителниот акт за 27 април со што му даде виза за судење а адвокатите реагираа дека без да бидат сослушани на јавна сендица судот им ги одбил сите приговори. На триесетмината обвинети ќе им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ