
Франција да прифати членство на Македонија во НАТО и преговори со ЕУ, побара државниот секретар на САД
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази поддршка за Македонија да добие покана за членство во НАТО Алијансата како и почеток на пристапни преговори со ЕУ. Помпео воедно побара од Франција да ја поддржи Македонија, соопшти Стејт департментот. Тој во разговор со францускиот министер за надворешни работи Ле Дриан, порачал Франција да го поддржи проширувањето на НАТО Алијансата и да се приклучи кон поканата за Македонија за членство.
“Државниот секретар Помпео побара од францускиот министер за надворешни работи Ле Дриан да поддржи покана за членство на Македонија во НАТО, како и отворање на пристапни преговори со ЕУ, откако се потпиша Договорот за името меѓу Македонија и Грција”, му порачал Помпео на Ле Дриан во телефонски разговор.