Човечки фактор е најчестата причина за пожари на отворено во Струмица

Третина од пожарите коишто се случиле на територијата на општина Струмица се на отворен простор, а речиси во сите случаи причината е човечки фактор. Од почетокот на годината до денес регистрирани се вкупно 154 интервенции на противпожарната единица.

Од центарот за управување со кризи велат дека инстиуциите се подготвени за превенција и справување со потенцијални пожари, и дека се утврдени надлежностите на секоја институција при евентуален поголем пожар како оној пред шест години.

Струмичките пожарникари велат дека пожарите не се специфични само во одреден период во годината туку постојано има ризици за нив. Затоа апелираат редовно чистење на оџаците.

Граѓаните треба особено да внимаваат во летниот период кога поради високите температури псотои опасност од брзо ширење на пожарите на отворено, па затоа се забранува палење на стрништа и отпаден материјал.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ