Власта без опозиција ги тера измените на законите за прислушкување и полиција

Без опозиција и дебата, само со пофалби, без критики, власта во собранието во прво читање ги помина законите за прислушкување, за формирање на агенција која ќе го спроведува прислушкувањето, за класифицирани информации и за полиција. Тоа што експертите критикуваа особено за формирањето на агенцијата ОТА  и дека ќе биде продолжена на рака на ДБК, министерот Оливер Спасовски го негираше.

Власта се пофали и дека се зголемува контролата врз следењето на комуникациите. Со измените на законот за класифицирани информации сопбраниската комисија ќе имала поголеми можност ид врши увид.

Пратеници од опозицијата немаше. Од власта главно ги фалеа измените а ја критикуваа претходната власт за скандалот со прислушкувањата.

 

Инаку денеска на дневен ред на комисијата за безбедност се најдоа и законите за внатрешни работи и за полиција со кои ќе се воведе надворешна контрола за постапувањето на полицијата врз граѓаните, полициски омбутсмани и обвинител но ќе се контролира и употребата на сила и сретствата за присилба.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ