
Колку социјални случаи живеат во нехумани услови и ја делат истата судбина како настраданите во Велес
Фатален пожар уби три малолетни деца. Не е првпат да гори куќа на социјално ранливо семејство. Сега е одново закрпена, а пред три месеци, оваа барака горела од неисправна електрична инсталација. Ова семејство во Скопје ја дели истата судбина како и настраданите во Велес.
Во ова населено место во населбата Ќерамидница, живеат педесетина луѓе во нехумани услови. Без струја, без канализација со прокиснат кров. Сите ја делат истата мака, повеќето малолетни деца. Изгледаат среќни и весели, не насетувајќи ја опасноста која ги демне.
Зад нас ги оставивме трошните градби, секојдневните проблеми на социјално ранливите семејства и и нивите повици до институциите за помош. Повеќе одговори имаат невладините.
Во меѓувреме, не само во Скопје туку низ целата држава, многу семејства живеат во вакви услови, постојано загрижени за својата безбедност и сопствената иднина.
Петар Догов