Теона, Петар и Драгана ги изгубија животите во трагедијата во Велес 

Траорнo е на местото на пожарот денеска. Само играчките немо сведочат за големата трагедија во која вчера изгореа трите деца. Теона која за неполн месец трбало да наполни една година, братчето Петар на две години и Драгана на четири се жртви на огнот. Таму утрово не беа нивните родители, ги најдовме пред центарот за социјални грижи откако ноќта ја поминале во пожарната. Запрепастени се што за една минута ги изгубиле најмилите.

Од социјалното потврдуваат дека Марина Антониевска и нејзиниот невенчан сопруг Никола Давчевски се влезени во нивна евиденција. Но нема податоци дали било следено родителството и однесувањето кон децата. Најмалото било заедничко, претходните две деца кои се жртви се на Марина од претходниот брак. Мите Анѓеловски е меѓу нивните први соседи, вели не е прв пат децата сами да останат дома.

Но роднините на семејството реагираат дека и покрај тоа што многупати барале помош од институциите за да им обезбедат нормални услови никој не ги слушнал апелите.

Утрово почна увидот на местото на несреќата. Се утврдуваат причините. Струја до куќата нема па се отвора прашањето дали е несреќа или се работи за подметнат пожар. Има и неофицијални информации дека семејството имало закани.

Вчера попладне избувнал пожарот додека родителите биле да пазаруваат до најблиската продавница. Трите мали деца ги оставиле заклучени. Куќата е на два километри од градот но под ридот вршник, во тешко достапен терен.

Според пожарникарите кога таткото се вратил од пазарување кажал дека во куќата се затворени децата.

Обдукцијата на телата на трите дечиња заврши. Општината обезбеди гробно место, центарот за социјални грижи ќе го организира погребот. Утре тие ќе бидат погребани.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ