Ратификуван договорот за името со Грција

Сите 69 присутни пратеници гласаа за Договорот за името. Гласањето беше поздравено со аплаузи, со честитки за премиерот Заев и за министерот Димитров, со срдечни прегратки и ракувања меѓу пратениците од владеачкото мнозинство.

Премиерот Заев истакна дека потписите на овој Договор го заштитуваат нашиот македонски идентитет и нашиот македонски јазик за век и веков.

Десетина пратеници од владеачките партии ја поздравија оваа одлука како историска, бидејќи го трасира патот кон евроатлантските интеграции. Потенцираат дека последниот збор ќе го кажат граѓаните на референдум.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата. За нив, Договорот е неуставен, капитулантски и штетен. Донесен е со прекршување на процедурите и избегнување дебата.

Веднаш по седницата, спикерот Талат Џафери го стави својот потпис на Законот за ратификација на Договорот со Грција а Собраниските служби го испратија за потпис кај претседателот Иванов.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ