
Протести против ратификацијата на договорот со Грција
Почнаа точно навреме, улицата беше блокирана. Мотив за протестот-отфрлање на договорот за името со Грција. Примерок од договорот, беше запален и изгазен. Се пееја народни песни, државната химна, се скандираше презимето на претседателот.
Ниту треба да има промена на име, ниту референдум за такво прашање- истакнаа неколку стотина демонстранти, кои ја критикуваа и полицијатља за завчерашната интервенција.
Покрај критиките и клетвите за опозиционата СДСМ која ја сметаат за велепредавничка, од опозицијата, демонстрантите побараа да си дадат оставки во парламентот.
Истото демонстрантите му го кажале и во лице на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, каде околу пладне заминаа дел од нив. И пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ имаше полициски кордон. Нивната делегација беше примена од Мицковски- барале бојкот и оставки од пратениците и неприфаќање на референдумот. Олумчев по средбата телефонски ни изјави дека барале ВМРО-ДПМНЕ да им се придружи, но одговорот бил дека пратениците одвнатре од Праламентот ќе го спречуваат Заев во неговите штетни политики. Демонстрантите се вратија пред Собранието, а некаде околу 13 :30 часот нивниот број се намали. На една од жените учеснички и се слоши и падна, по што беше однесена во градската болница. Протестот потоа заврши.
Миомир Серафиновиќ