
Академици: Договорот со Бугарија да не се сведе само на ревизија на учебници
Потпретедателот на БАН Васил Николов на Бугарски јазик без обезбеден превод им се обрати на присутните во МАНУ промовирајќи ја Платформата преку која двете научни институции ќе ја конкретизираат содржината на договорот за пријателство. Ќе се реализираат заеднички проекти, трудови, промоции, научни расправи.
„Треба заедно да бараме можности за надминување на проблемите преку водење на искрен и конструктивен дијалог, во атмосфера на заемна доверба и разбирање.Заедничката работа на научниците од Македонија и бугарија во изминатите 5 години е доказ за ослободеноста од политички и идеолочки зависности во сферата на науката“, рече Николов.
Договорот ќе го спроведува меѓуакадемска група по 5 членови од двете академии. Според Академик Таки Фити тој ќе го отвори патот за наше интегрирање во ЕУ и НАТО. Но дали ќе успеат да се надминат политичките стеротипи? Тоа за дел од академската јавност може да се стори доколу договорот за добрососедство не се сведе само на ревизија на учебниците.
Професорката Јованка Кепеска вели дека Бугарија се уште нема изградено јасен став за македонскиот јазик и идентитет.
Договорот за добрососедство го потпишаа премиерите на Македонија и на Бугарија, Заев и Борисов. Од меѓународната јавност беше оценет како мост за политичка стабилност на регионот.
Јулијана Пешевска