
МВР: Полициска проценка е употребата на солзавец и шок бомби
Полицијата се правда. Шок бомбите, солзавецот и приведувањата на синоќешниот протест се по процедура и се соодветни мерки за смирување на разгневената толпа. Откако демонстрантите ја турнале заштитната ограда пред Собранието, почнале да фрлаат камења и пиротехнички предмети по полицијата и зградата и се обиделе насилно да влезат во Собранието. Поради ова се приведени 26-мина демонстранти од кои петмина малолетници, а повредени се 7. Од полицајците десетмина завршиле со повреди од кои еден со потешки повреди.
И обвинителството се вклучи во расчистувањето на настаните од синоќешниот протест. Ги прегледува видео материјалите за идентификација на оние кои насилно се однесувале. Поголема група од педесетина се упатиле кон плоштадот и насилно упаднале во два угостителски објекти кршеле и предизвикале паника кај гостите, а во еден од нив фрлиле и солзавец. Обвинителството меѓу другото трага и по луѓе кои се закануваат на социјалнит мрежи на функционери.
„Основното јавно обвинителство Скопје исто така беше известено и за заканувачки пораки и слики кои преку профили на социјалните мрежи биле објавувани за носители на јавни функции и други службени лица. Министерството за внатрешни работи доби задолжение да се пристапи кон утврдување на идентитетот на лицата од чии профили се упатуваат заканите и да се обезбедат релевантни докази за евентуално сторено кривично дело Загрозување на сигурноста“, велат од Основно јавно обвинителство.
Од друга страна од хелсинпкиот комитет регираат на прекумерната употреба на хемиски средства од полицијата но апелираат и граѓаните да ја зачуваат присебноста и да не се насилни. Од агенцијата за аудиовизуелни медиуми реагираат на нападите врз медиумските работници, за апсењето на новинари на протестот но и како што велат непрофесионално однесување на новинари. На протестот беше уапсен известувач на инфомакс Борислав Стоилковиќ. Тој по приведувањето беше пуштен а преку социјалните мрежи обвини дека е поради снимките кои ги имал. Од МВР велат дека тој одбил да се легитимира.
Инаку протестите секоја вечер се организираат од вторникот но преку социјалните мрежи и страницата на навивачката група комити. Како Официјален организатро никој не е пријавен.
Билјана Николовска