Средба Димитов-  Коѕиас- локацијата непозната

Времето и локацијата на средбата меѓу министрите за надворепни работи на Македонија и Грција- Никола Димитров и Никос Коѕијас осануваат непознати. Шпекулациите се во ансока дека  најверојатни места на разговори се Солун или Атина, но надлежните институции одбиваат да обелоденат, со образложение дека средбата е од затворен формат. Двете страни делуваа синхронизирано и во однос на речиси идентичните  соопштенијата, во кои стоеше  дека разговорите ќе се фокусираат на прашања од билатерален инетерс , како и понатамошно нзајакнување на мерките за градење доверба. Ваква синхронизираност се чини дека немаше во преписката меѓу грчката православна црка и тамошното МНР. Поводот беше одлуката на синодот дека нема да го прифатат нити терминот Македонија ниту кој било друг изведен збор во името на нашата земја. Ставовите на гркото МНР ги пренесе весникот Катимерини.

  • Дали црквата чекори заедно  со Златна зора? Ако не , пак, црквата да ни каже за кое име да преговараме со Скопје. Црквата се меша во дипломатски прашања , а не сака државата да се меша во црковните случаи, пишува Катимерини.

Неприфаѓање да се користи терминот Македонија во какво било сложено име, па дури и да биде за севкупна употреба изрази занемик министерот за транспорт Никос Мавраганис  кој е од партијата независни Грци, инаку коалиционен партнер во владата. Во интервју за државната ЕРТ рече дека во преамбулата на амкедонскиот устав има иредентизам и тоа е главната причина зошто не го прифаќа терминот МАкедонија

– Ова не е опсесија или радикална позиција и однесување туку е затоа што државата ан Скопје го поставува ова барање за да има такво име, токму затоа што во преамбулата на нивниот устав  предвидува дека треба да се создаде една поширока македонска држава  и се стреми кон одбрана на наводната македонска националност, вели Мавраганис.

ДЕл од  експертите во Македонија  до сега неколку пати изразија оптимизам во однод на позтигнување на решение и покрај ваквите изјави нанекои од грчките политичари. Јас би бил внимателен со општимизмот, се огради професорот Тони Десковски  врече во Топ ТЕма Според бего, ј тешко е де асе очекува од Нимиц да дојде со усогласен предлог

Според Селмани, неопходно е да се направи се за да се дојде до компромисно решение.Во спротивно според него, се повеќе наши гражани ќе аплицираат за бугарски пасош и ќе се исселуваат.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ