Оптимисти и песимисти – какво е мислењето на граѓаните за договорот за името?

Раздвижено и релаксирано речиси како и секоја недела. Такво беше пладнето во градскиот парк денеска неколку часови по потпишувањето на договорот. Но, промената на името сепак, е неизбежна тема меѓу луѓето. Дел гледаат иднина, дел се со грутка во грлото и разочарани. Владимир Насковски има триесет години, завршил Машински факултет и откако знае за себе знае и за спорот. Смета дека има други пореални и поголеми проблеми.

Брачниот пар Јосифовски ги затекнавме разочарани. Потпишувањето на договорот го чувствуваат како лична трагедија.

Но, меѓу граѓаните има и оптимисти. Со потпишувањето на договорот гладаат иднина за земјата таква каква што посакуваат за сопствените деца.

Ова сепак, е само старт на процесот за промена на името едногласни се граѓаните. Тој ќе потрае но главниот збор сепак ќе го имаат тие, на референдум. Мнозинството ќе пресече дали договорот кој е постигнат е прифатлив за македонската јавност.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ