
Андов: Опозицијата нема да го бојкотира референдумот
Референдумот на кој народот ќе го каже својот став околу договорот за името, ќе успее, оптимистички вели поранешниот спикер Стојан Андов. И покрај сериозните сигнали кои ги дава опозицијата, Андов очекува таа да созрее до септемрви.
„Не верувам дека ќе бојкотираат, ќе созреат дотогаш. Важно е сега нешто да не згрешат а, дотогаш ќе се согласат и ќе учествуваат. Не гледам друг излез, тие никогаш на време не ги сфаќаа работите, доцнат 10-20 години. 11 год беа на власт и не направија ниту еден обид да го решат проблемот. Немаа идеја. И од другата страна имаше затруен национализам а, националистите на Балканот не можат да ги решат проблемите туку се продукт на бесмислен и опасне национализам, вели Стојан Андов поранешен претседател на парламентот.
Пред да дојде до референдум , договорот треба да биде изгласан од пратениците со просто мнозинство, по што документот ќе се испрати до претседателот Иванов. Ако не го потпише во рок од 7 дена договорот се враќа во Собрание и тогаш се гласа со апсолутно мнозинство. Андов не очекува никакви опструкции од страна на Иванов иако тој најави дека ваквиот договор нема да го поддржи. Претседателот мора да подразмисли за својата улога вели тој и што од него се бара.
На внимателност во одлуките и постапките предупреди и поранешниот мин. за надворешни Денко Малевски. Доколку претседателот и опозицијата се спротивстават на договорт рече тој за Телма, против себе ќе ја имаат мнозинската партија, албанската етничка заедница и целата меѓународна заедница
Владата очекува дека опозицијата ќе дозволи граѓаните да имаат можност да се изјаснат за иднината на државата. Од таму за телма кусо соопштија дека секој политички субјект има исторска одговорност во моментов да ги поддржи евроинтегративните процеси кои се одвиваат во македонија.
Виолета З. Стојановска