Партиски вработувања и ниски плати го иселија источниот регион

Вработувањето со партиски книшки во државните институции и  ниските плати во приватниот сектор се главните причини за иселувањето на граѓаните од источниот регион. Теренските истражувања на виничката организација „Ини“ покажуваат дека 20% од граѓаните засегаш заминале да живеат во странство. Жителите од овој регион бараат подобар животен стандард.

Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица се градовите од крајниот исток, каде што веќе се чуствуваат последиците од миграцијата. Младите сметаат дека живеат во заедница во која што не им се слуша гласот за  идеите кои ги имаат .

Академската фела алармира дека последниве години заминуваат се повеќе високо обучени кадри.  Причина за нивното заминување е системот кој што не ги вреднува.

Засега само мал број од иселените би се вратиле во земјава, но бараат од државните институции и банките поголема координираност и соработка, за да полесно започнат со некој мал бизнис.

Викторија Јовановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ