Вчерашното невреме ги уништи се земјоделски посеви во Овчеполскиот регион

Градот и силното невреме кое се случи вчера во попладневните часови им го однесе родот на земјоделците од Овчеполието. Според првичните оценки на земјоделците од овчеполскиот регион, уништени се земјоделски посеви на површина од околу 5.000 хектари. Страда 95 % од житните култури, 90 посто од лозовите насади, тутунот и бостанот се исто така уништени.

Земјоделците велат дека годинава род нема да соберат и нема од што да егзистираат. Итно бараат помош од Министерството за земјоделство, да излезе на терен и да направи увид во штетите.

Градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велков го посети селото Црнилиште каде што рече дека тие како општина исто така ќе побараат од Министерството за земјоделство да формираат комисии за да ги проценат штетите и да ги обештетат земјоделците.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ