Вартоломеј: Постоењето раскол не е аргумент да напуштиме еден народ

Постоењето раскол не е аргумент да напуштиме еден народ, рекол Вселенскиот патријарх Вартоломеј, на литургија.

„Кога еден од нашите браќа се оквафлификува како расколник или еретик, а уште повеќе кога цел еден народ, милиони луѓе, се надвор од нормалната црква врз основа на тој раскол, тогаш е потребен итен и без одложување повик на духовно будење. Апостолска должност на Мајката црква е да бара начини за спас на нашите браќа во Скопје и во Украина. Наша должност и одговорност е секогаш народите да ги вратиме кон вистината и кон канонските рамки на црквата. Бидејќи нашата Вселенска патријаршија се грижи за целиот свет и за сите народи и луѓе, без исклучок, рекол Вартоломеј, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Вселенскиот патријарх повикал на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство.

Светиот синод на Вселенската патријаршија на 29 мај годинава соопшти дека во рамки на нејзините надлежности  ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на „црквата на Скопје“ во канонски рамки под името Охридска архиепископија. Соопштението следуваше по писмата упатени од МПЦ-ОА и од премиерот Зоран Заев во кои се бара Вселенската патријаршија да преземе чекори за признавање на автокефалноста на МПЦ како рамноправна црква во православниот свет.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ