Заев и Димитров ќе го информираат Иванов за договореното со Грција

Премиерот  Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров пристигнаа во вила Водно за да го информираат претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција. На новинарите не им беше дозволен влез на средбата, а за нејзниот тек најавија дека ќе има соопштение.

Република Северна Македонија, ерга омнес, промена на Уставот и постепено воведување на новото име во внатрешноста на земјата, зачувување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик е содржаното во договорот. Премиерите на Македонија и Грција Заев и Ципрас, ја информираа и јавноста во своите земји за постигнатото во обидите да се стави крај на 25-деценискиот спор.

Сега се очекува средбата на двајцата премиери, која можеби ќе се одржи викендов во Преспа и на која треба да го потпишат договор, но официјална потврда за средбата се уште нема. Договорот го поздравија сите високи претставнци на меѓународната заедница, а високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини најави дека ќе дојде на неговото потпишување.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ