
Макпетрол ги промовираше нови ултра био и грин дизел горива
Нафтената компанија Макпетрол на македонскиот пазар ги пушти новите Ултра дизел био павер и Ултра дизел грин павер горива креирани според највисоките европски стандарди. Нивните перформанси се значително подобрени, а со темелни испитување и тестирања во меѓународно акредитирани лаборатории се гарантира нивниот квалитет.
Новите ултра горива на Макпетрол се со помал степен на емисии на издувни гасоцви и ја надградуваат еколошката компонента. Исто така потрошувачите ќе добијат заштеда на гориво, како и модерни адитиви кои ја задржуваат моќноста и забрзувањето на дизел моторите со кристално чист еуродизел.
Голем удел во креирањето на новите ултра горива на Макпетрол има и лабораторијата за тестирање на квалитетот и спецификациите со што се добива поефикасно согорување. Тоа е дел и од стратешката определба на Макпетрол за горива добиено од обновливи извори на енергија, посочија од компанијата.
Христијан Станоевиќ