
Заев и Ципрас телефонски ќе ги финишираат преговорите
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во текот на денов треба да остварат уште еден телефонски разговор во рамки на процесот на преговори за решавање на спорот за името, откако вчера разговараа цел час.
Двајцата премиери се договорија денеска телефонски да продолжат со разговорите за спорот за името, а според оценките на двете страни преговорите се при крај и има надеж и очекувања за постигнување решение пред Самитот на ЕУ подоцна во текот на месецов.
Заев и Ципрас вчера разговарале за преостанатите прашања и разгледале неколку идеи за решенија, а за нивниот доглоочекуван разговор речиси истовремено информираа двете влади.
Премиерот е оптимист дека токму денеска ќе се случи ќе долгоочекуваниот договор. Тој вчера беше гостин во Таун Хол дебатата во Топ Тема на Ваша страна, каде потенцираше дека во договорот се и гаранциите од грчка страна. Ако нешто се случи, се ќе застане и ќе се врати на почеток, рече Заев. Ако пак, се постигне договор, граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум.