
Заев: Шпекулација е дека Црвенковски се враќа во политиката
Премиерот Заев во отворената дебата на Топ тема на Ваша страна беше запрашан за коментар за дел од објавите на некои медиуми дека наводно Бранко Црвенковски планирал враќање на политичката сцена, и дали има структури во СДСМ кои се обидуваат да го сменат од лидерската позиција.
„Со сите органи на СДСМ го дебатиравме прашањето за името, ќе го вкрстам ова за Црвенковски со шпекулации, во Владата сме навистина единствени. Вчера заедно ручавме со министерот Димитров во Струмица и разговаравме за сите можни детали“, вели премиерот Заев.
Тој исто така истакна дека очекува поддршка од сите политички фактори во Македонија за прифаќање и спроведување на евентуалниот договор со Грција за кој утре треба да ги допрецизираат деталите во нов разговор со Ципрас.