Заев и Ципрас го оствариле долгоочекуваниот телефонски разговор

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас го оствариле долгоочекуваниот телефонски разговор. Од македонската влада потврдија дека двајцата премиери разговарале цел час.

„Разговорот се реализираше помеѓу 14 и 15 часот по македонско време. За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија“, се вели во соопштението од Владата на Република Македонија.

Од македонската влада најавија дека во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ