
Заглави откупот на доматите
Струмичките земјоделски здруженија се жалат дека закочи откупот на доматите. Тие реагираат дека проблемите со откупот траат од самиот старт на бербата но ситуацијата станува загрижувачка, бидејќи цената се снижила до 10 денари за килограм, што е многу пониско од нивните производствени трошоци.
За земјоделците се уште проблем е стихијното производство и слабиот интерес на откупувачите да склучуваат договори, што создава проблем при пласманот.
Дел од откупувачите за Телма негираат дека имаат проблеми со откупот и велат дека цената е 15 денари за килограм. Други пак, го кажуваат веќе познатото објаснување: дека проблем се пазарите на коишто продаваат, а тоа се најчесто поранешните југословенски републики, кадешто во овој период има домашно производство на домати.
Сузана Мицева