Миновски: За прв пат по долги години ЕЛЕМ ќе побара намалување на цената на струјата за 1,5 отсто

Со новиот Закон за енергетика, Електрани на Македонија е обврзан во првата година 80 отсто од своето производство да ги понуди за крајниот снабдувач. Сигурното производство од ЕЛЕМ по конкурентни цени ги штити граѓаните од можни ценовни шокови на берзите во Европа и регионот, вели во интервју за Телма директорот на Електрани на Македонија, Драган Миновски.

Тој објаснува дека оваа компанија во последниов период значително ги намали непотребните трошоци, па на крајот на годинава ЕЛЕМ ќе побара за 1,5 отсто намалување на цената на електричната енергија, за прв пат по 11 години.

Нина Нинеска Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ