470 грама новородено девојче во 27-та недела, успешно расте и се развива

Одвоено од мајка му, и без избистрен вид се запозна со Министерот за здравство. Необичната средба на детската клиника на женското новороденче со само 470 грама телесна тежина отиде во корист на тврдењата на министерот Венко Филипче дека новите методи на Клиниките за раѓање и чување бебиња можат да ја намалат смртноста кај предвремено родените.

Успешната приказна започнала со породување на Клиниката гинекологија и акушерство. Оттогаш малата девојка е во раче на тимот лекари кои со нови методи и помагаат да дише, да се храни и да ги добива лекарствата.

Нејзиниот претходник немал среќа да го види надворешниот свет, а тоа е уште еден смртен случај оваа година на детската клиника, вели Филипче немајќи ја со него статистиката за второто тримесечје за Клиниката за гинекологија и акушерство.

Додека заживеат сите нови методи, и се приклучат сите најавени апарати, минатата година 193 деца не го преживеаа најчесто предвременото раѓање, а за првите три месеци во 2018-тата се повтори црниот биланс со 35 смртни случаи.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ