Оптимизам за решение на името

Универзитетскиот професор Јанис Армаколас е оптимист дека ќе се реши спорот за името и дека двете земји наскоро ќе постигнат договор. Повеќе од кога било е потребно да се заврши овој 25 годишен спор. Во спротивно ќе има големи проблеми. Притисокот од меѓународната заедница е голем затоа што и таа е заинтересирана да се постигне компромис, вели Армаколас.

„Во овој момент постојат деликатни преговори и чекори кои треба да се направат од двете страни. Мислам дека е јасно дека опозицијата на двете земји ќе се спротистави на што и да е договорено. Но, мислам дека е добро за земјите на двете страни што поскоро овој проблем да се реши. Тоа е во интерес на Грција,но и и во интерес на вашата земја. Мислам дека е важно за Грција да им обезбеди на земјите од Западен Балкан перспектива во ЕУ“, кажа аналитичарот Јанис Армаколас.

Армаколас оценува дека преку протестите во Грција, опозицијата сака да си обезбеди поддршка играјќи на картата на патриотизмот. Но, клучниот збор според него сепак ќе го има меѓународниот фактор кој ги притиска двете страни да најдат решение.

Професорката Беса Арифи пак вели дека сега е клучниот историски момент, двете земји да најдат взаемно прифатливо решение.

Арифи апелира до опозицијата да биде конструктивна, да биде вклучена во целиот процес, да се однесува државнички и да помогне да се реши овој проблем кој ги кочи евроинтегративните процеси во земјата.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ