
Нема да има надоместок за оштетените кровови и возила
И овој скопјанец и уште деветмина сопственици нема да добијат оштета од градот по невремето кое ги бутна дрвјата и ги столчи нивните автомобили. Искршени ветробрански стакла, каросериски штети, а некои од оштетните автомобили ќе завршат и на буниште. Ветерот дувал со брзина над 80 километри на час, и не може да биде исплатена штета, велат од кризниот штаб на Град Скопје формиран по бурата.
„Луцијан“ е името на бурата која во Македонија навлезе од север, ги корнеше и деценските дрвја. Булеварите останаа блокоирани, сообраќајот пренасочен, а дрвјата се сечаа со моторни пили. Крововите го издржаа ветерот, освен неколку на постарите станбени згради. Најсериозна опасност предизика уривањето на заштитната ограда на трговскито центар „Беко“ којшто се урива, но во тој момент немало работници и механизација.
Некаде и повеќе литри на метар кубен, но секаде повеќе отколку што може да се слее во атмсоферската канализациона мрежа. Последниот дожд ги нагласи старите проблеми со подвозниците кои повторно станаа длабока вода. Ветерот не одмина, но дождот, грмотевиците повторно доаѓаат во попладневните часови, предупредуваат метереолозите.
Павле Беловски