
Лица без документи, невидливи за државата
Половина од семејството на Горан Селмани од општина Шуто Оризари е правно видливо за државата, а половина не. Тие се дел од шестотината лица без документи, бројка која што според невладините организации кои ја следат оваа проблематика е многу поголема. Сопругата на Горан и четири од нивните 8 деца се без документи и не можат да остварат никакви граѓански права.
Поголемиот дел од лицата без документи се Роми. Сиромаштијата, општествената исклученост, необразованоста и несоодветните услови за живот, но и немањето документи го прават нивниот живот уште потежок. Експертите предлагаат повеќе правни варијанти како овие лица да добијат документи. А тие се невидливи со генерации. Мајката на сопругата на Горан немала документи, таа нема документи, сега и нејзините деца се правно невидливи.
Со цел намалување на бројот на апатридите до 2024 година, УНХЦР спроведува глобална кампања од 2014 година, ова го истакна Дејан Кладарин од УНХЦР.
А токму на тоа се надева и Горан од Шутка, што побргу членовите на неговото семејство да добијат документи и што побргу да ги остварат своите основни граѓански права.
Јордан Дуков