
Александар Јаневски Тошта излегува од Шутка
Александар Јаневски Тошта излегува од Шутка. Совет од тројца судии во Кривичниот суд му ја укинал мерката притвор и му определил куќен притвор потврдија од судот. Обвинителството предложило поблага мерка – куќен притвор за што била приложена и медицинска документација за влошената здравствена состојба и можно уште денеска Јаневски да биде го напушти затворот.
„Надлежниот обвинител по вторпат пред судот укажува дека со оглед на здравствената состојба кај обвинетиот и поодминатата фаза на постапката и со поблага мерка ќе се постигнат целите и нема да се загрози понатамошниот тек на постапката по однос на овој обвинет“, велат од ЈОРМ.
Неговиот адвокат Бојан Ваневски го добил решението за куќниот притовр и вели судот донел исправна одлука.
Ова следува откако пред два дена на судењето за нападот на Села, на Тошта му се слоши и падна на подот во судницата и со брза помош беше однесен во градката болница 8 септември. Од таму по неколкучасовните прегледи повторно со амбулантно возило беше вратен во Шутка а неговата одбрана реагираше дека нема услови во затворот за неговиот клиент кој е со влошено здравје.
На судењето обвинителот направи измени на обивнението, но за Тошта остана истото кривично дело убиство во обид на Села, по што се изнервира и рече дека го гонат за убиство затоа што е основач на ВМРО. Врз основа на на новата снимка од нападот на Села обвинителот го ослободи од обвинение Сашо Сенков а за Стојан Павлески и Цејо Георгиевкси го смени кривичното дело во насилство.
„Новоутврдените факти пак, доведоа до потреба од промена во Обвинителниот акт за тројцата обвинети. јавното обвинителство согласно своите надлежности, има обврска да ги утврдува како фактите што го товарат обвинетиот, така и оние што му одат во корист“, велат од ЈОРМ.
Од Обвинителството велат дека продолжуват да преземаат дејствија за да ги идентификуваат и други учесници во настанот и нивната кривична одговорност
Петар Догов