Обвинителска службеничка издавала тајни информации на сопруг-адвокат

Доверливи полициски документи, кривични пријави, спогодби, записници, судски документи од гевгелискиот суд кои се службена тајна завршувале во рацете на адвокат. Му ги давала неговата сопруга која работи како стручна соработничка од гевгелиското обвинителство, а му биле потребни за предмети каде бил бранител, информираат од обвинителството. 34 годишната службеничка заработи кривична пријава за оддавање службена тајна, дело за кое е предвидена затворска казна од 3 месеци до 5 години.

Од обвинителството велат дека соработничката сама го праела тоа без дозвола и без знаење на обвинителите гевгелиското обивнителство. Докази добиле и со вештачење на службениот комјутерот од нејзината канцеларија

„Извештајот од извршеното вештачење ги потврди сомневањата дека пријавената, користејќи инсталирана апликација VIBER, на адвокатот неовластено му испраќала службени документи и податоци кои претставуваат службена тајна“, соопштија од ЈОРМ.

Со оглед на тоа дека осомничената е вработена во гевгелиското обвинителство од таму побарале вишото обивнителство во Скопје да го прераспредели предметот на друго обвинителство.

Поради сомнеж дека оддавал службени тајни, во март годинава МВР поднесе кривична пријава и за советникво кабинетот на министерот Спасовски под сомнеж дека на познаничка и открил дека со посебни истражни мерки и се прислушуваат телефоните и дека тајно ја следат и снимаат. Од обвинителството велат – истрагата е во тек, сослушани се повеќе сведоци и активно се работи на обезбедување материјални докази неопходни да се донесе одлука во предметот.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ