Тања Чачарова на местото на Рашковски во „Телеком“

Генералниот секретар во владата Драги рашковски нема веќе да биде претставник во Акционерското собрание на Македонски Телеком. Владата не открива кои се конкретните причини за неговата смена но тврди дека тоа е сторено исклучиво од техничка природа.Новиот  владин претставник ќе биде Тања Чачарова Илиевска која доаѓа од позицијата советник за правда на премиерот Заев и авдокат кој на последните избори ги застапуваше приговорите во Државната изборна комисија.

Назначувањето ан Рашковски на високата позиција во телекомуникациоскиот оператор беше жестоко критикувано во јавноста.Според документите што тогаш ги обелодени опозиоциската ВМРО ДПМНЕ тој бил овластен за вршење на функцијата  на 3 август  минатата година  а две недели потоа тој самиот го потпишал решението. Тогаш Рашковски уверуваше дека нема конфликт на интереси туку дека се работи за востановена пракса владата да има свој претставник во акционерското собрание на Телеком бидејки е сопственик на златна акција.

 

Виолета Зајкова Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ