Анѓушев: Енергетиката е круната на економијата

Со добро менаџирање и домаќинско работење на енергетиските компании значително ќе се намалат трошоците за граѓаните и ќе бидат заштитени од евентуални ценовни шокови кај електричната енергија, доколку тие во иднина се счуат на светските берзи. Ова го тврди вицепремиерот Кочо Анѓушев на денешниот македонски форум кој се одржа во струга и на кој покрај македонија, учествуваат и енергетски стручњаци од регионот, европа и светот.

Според Анѓушев, доколку цените на струјата на пазарот се задржат на сегашното или слично ниво, струјата може да биде дури поефтина. Еден ден по стапувањето на сила на новиот закон за енергетика, вицепремиертот ги претстави и неговите предности, потенцирајќи дека тој ќе донесе конкуренција на пазарот што ќе направи монополите да исчазнат, а граѓаните да не ги плаќаат високите цени.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ