
Халеп со пресврт ја совлада Кербер, Мугуруза пресилна за Шарапова
Симона Халеп и Гарбине Мугуруза се изборија за второто полуфинале на грен слем тенискиот турнир Отвореното првенство на Франција.
Првиот рекет во светот направи пресврт во четвртфиналето по двочасовната борба на „Сузан Леглен“ во Париз против поранешната тенисерка број еден, Германката Анжелик Кербер совладувајќи ја со 2:1. Откако го загуби првиот првиот сет во тај брејк на поени со 7:2, Романката славеше во наредните два со 6:3 и 6:2 и третпат во кариерата обезбеди полуфинале на Ролан Гарос со шестиот триумф над Кербер во нивниот 10 меѓусебен меч.
Во последното четвртинале кај дамите на „Филип Шатрие“ немаше неизвесност. Третата фаворитка Мугуруза од Шпанија ја надигра Русинката Марија Шарапова со максимални 2:0 за 73 минути игра, препуштајќи два гејма во првиот и еден во вториот сет.
Вчера првото полуфинале го комплетираа Американките Медисон Киз и Слоун Стивенс.