
Јовановска: Хаџи Лега ја оштетила Гинекологија за 150 илјади евра
Гинекологија укина нова метода за откривање аномалии кај плодот. Директорката Јовановска со објаснување дека се работи за стопирање на еспериментален потег, кој нема никаква оправданост да продолжи. Тврди дека нема кој да ги чита резултатите и со потпис да гарантира за наодот, а уште пострашно е вели, тоа што пациентките не знаеле за тестот. Јовановска ја обвини нејзината претходничка Хаџи Лега дека со оваа метода ја оштетила клиниката за 150 илјади евра, бидејќи набавила 312 тестови, а потрошила само 24. Остатокот може да ги покрие потребите за наредните 15 години, но рокот им истекува во март, тврди Јовановска. За ова, ќе бара дури и кривична одговорност за екс-директорката.
Хаџи Лега демантира. Вели се` е во рамки на законот. Методата е дел од светски протоколи и медицина базирана на докази. Според неа, тестовите можат да се искористат за една година, бидејќи за сите што има индикации за амниоцинтеза, пожелно е да го напарават и овој тест.
Аргумент плус за Хаџи Лега е тоа што Фондот ги рефундира трошоците за овие тестови. Нејзината наследничка Јовановска пак со котра-аргументи. Вели, за да ги врати парите, клиниката мора да достави резултати, а нив никаде ги нема. Ставовите ги судрија и околу нивните колеги од лабораторијата. Јовановска тврди дека тие не знаат за методата, Хеџи Лега дека располагаат со сертификати за користење на апаратот и читање на резултатите.
Директорката Јовановска потенцираше и дека преговара со фирмата добавувач да ги повелече тестовите, и за истиот износ да им обезбеди прочистувачи на воздухот. Но, позитивен одговор досега не добиле. Не се знае дали ќе го прифатат предлогот, но јасно е дека ќе го повлечат апаратот кој бесплатно им бил доделен на користење, под услов оттаму да ги купуваат тестовите.
Весна Јовановска Дојчиновска