
Студентите не пријавуваат корупција
Ниту еден случај на корупција, неетичност или неправилност во високото образование не е пријавен, откако пред две години стапи во сила Законот за заштита на укажувачи. Корупцијата е секаде присутна, ја има и на факултетите, но таа не се пријавува затоа што студентите укажувачи не се доволно запознаени со законот кој го штити нивниот идентитет во текот на целиот образовен процес, вели универзитетскиот професор Беса Арифи.
Законот за заштита на укажувачи им овозможува на студентите заштита ако случајот го пријават на самиот универзитет, но и во самите институции како Јавно обвинителство полиција и друго.
Арифи и Трендафилова на денешната дебата во Тетово „Ќе има ли укажувачи на универзитетите“, истакнаа дека факултетите имаа обврска да ги информираат студентите но и професорите, околу Законот за заштита на укажувачи, можностите и начинот на пријавување на корупција во високообразовните институции.
Зоран Димовски