САД се надеваат Македонија и Грција да ги завршат наскоро преговорите за името

САД се надеваат Македонија и Грција да ги завршат преговорите за името за да се отвори патот за влез на земјава во НАТО на претстојниот самит во јули, порача во изјава за Телма амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хатчисон. Македонија ги исполнува сите услови, потребен е финалниот чекор – порача таа.

„Од претходните Самити е јасно дека НАТО е подготвен да ги почне пристапните разговори со Македонија штом се реши прашањето со името. Верувам дека министрите во двете земји работат многу напорно  за да се дојде до взаемно прифатливо решение за името. Штом се постигне овој договор и клучното барање се исполни, сметам дека Македонија ќе го почне процесот на пристапување кон НАТО. НАТО беше јасен дека Македонија ги исполнува барањата, освен името и штом тоа се реши ние ја посакуваме за рамноправен партнер. САД силно го поддржуваат приемот на Македонија и се надеваме дека тоа би можело да се случи и на претстојниот Самит, но она што сега се бара од двете земји е да ги завршат преговорите и да го отворат патот за влез на Македонија“, изјави за Телма, Кеј Бејли Хатчинсон.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ