ДПИ: Училиштата не реализирале верско делување

Вонредниот надзор на просветниот инспекторат покажал дека  училиштатa немаат одговорност,  бидејќи на ниту еден начин не учествувале во организирањето на манифестацијата Бaдникови поворки. „Ги разгледав записниците од сите градови  и дојдов до заклучок дека училиштата не реализирале вреко делување“, вели директорот на инспекторатот Томе Спировски.

„Логично се поставува прашањето како децата се нашле на улица, како дел од манифестацијата. Заклучивме дека се организирале преку социјалните мрежи, и на повик на невладини организации. Пристигнале заедно со родителите, а ние не можема да забраниме настани кои се одвиваат на улица, надвор од училиштето“, вели Спировски.

Според Спировски до сега не пристигнала ниту една претставка  од страна на некој родител, па затоа не може да се зборува за злоупотреба на децата. Во однос на случаите на присуство на наставници на манифестацијата, Спировски вели дека кога наставникот е на улица тој е само граѓанин, со право на верски чувства.

Манифестацијата „Бадникови поврорки“ ја подели јавноста која излезе со свои аргументи ЗА и ПРОТИВ. Обвинувањата се во насока дека се загрозува секуларноста, но ги индокринира децата. Содржи и политички  контекст, поради одлуката на градоначалниците да земат учество во процеосот рече Мариглен Демири вчера за „Топ Тема на Ваша Страна“.

Како дилема се отвори и прашањето дали црквата подеднакво студиозно би учествувала и во организирањето на други поворки, на пример за еколошки марш

Манифестацијата Бадникови поворки активирапе околу 7.000 деца од повеќе градови во Македонија . Канцеларијата на надзорниот правобранител одлучи да отвори предмет по сопствена иницијатива.

 

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ