ВМРО-ДПМНЕ со големи економски ветувања, екпертите велат – треба да се знае од каде се парите за тоа

Жестоки критики за учинокот на актуелната Влада, но и големи економски ветувања за граѓаните ако тие ја преземат власта. На првиот голем митинг на опозициската ВМРО-ДПМНЕ лидерот Христијан Мицкоски најави дека во партијата веќе почнале да работат на повеќе мерки, меѓу кои и многу звучни и прималиви, меѓу кои понизок ДДВ за сите артикли кои се најпотребни за граѓаните, на ниво од само 2 отсто, куп даночни олеснувања за сите компании што ќе вложат во развој и реални вработувања, укинување на зголемената акциза за дизелот, директна понуда за вработување на 500 студенти секоја година, зголемување за 50 отсто на примањата на образовниот кадар, но и раст од дурио 40 отсто на пензиите. Мицкоски вети дека ветувањата наскоро ќе бидат преточени во програма.

Но, дали тие се реални, можат ли македонските буџети и даночни обврзници да издржат вакви големи издадтоци?

Од партијата велат дека штом сето ова го предложиле, како серизна партија сигурно дека сметаат дека мерките се и возможни и одржливи.

Експертите, пак, сугерираат на внимателност. Јавниот долг сега долгот се стабилизира, и она што е важно, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески, е таа фискална консолидација и натаму да продолжи. Не е неопходно некое преголемо фискално стегање, но мора рационално да ги трошиме парите на граѓаните, или, ако се ветуваат големи трошења, истовремено мора да се даде до знаење од каде ќе дојдат тие пари, дали преку зголемено задолжување, или ќе се зголемуваат даноците. Времето кога растат и расходите и паралелно се зголемува јавниот долг, веќе е завршено, смета Петрески.

Знаеме дека во пензискиот Фонд имаме голем проблем, бидејќи речиси половина од потребните средства за исплата на пензиите се обезбедуваат од централниот буџет.

„Значи, секое ветување за зголемување на пензиите киое би било над порастот на економијата, веќе ќе предизвика само влошување на тој проблем. Во моментов, всушност е неопходно да почне една реформа која ќе оди во спротивна насока, ќе го консолидира пензискиот фонд во некој разумен период од пет до десет години. Значи, ако имаме некои ветувања кои се однесуваат на некој иден период и одат во спротивна насока од тоа, тогаш прашањето е таа точка на одржливост, ако притоа не се кажува од каде ќе дојдат тие пари“,. Вели Петрески.

За тоа дали актуелната власт ги исполнува ветувањата, професорот вели дека факт е оти почна фискалната консолидација, но се уште не е доволно јасно артикулирана развојната компонента во вкупната економска политика.

Ефектите на новата Влада полесно ќе можеме да ги оцвениме тогаш кога таа појасно ќе излезе со стратегија како ќе ја постигне онаа стапка на раст од 5 отсто што ја ветуваше пред избоприте.

Нина Нинеска-Фиданоскa

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ